Од своето основање до денес, ДС Галаб постојано се движи напред, како во однос на зголемувањето на бројот на своите вработени, пред се во сегментот на градежништвото, така и во постојаното надградување и подобрување на својата машинерија и опрема.
Компанијата е основана кон крајот на 1980-тите години под името „Галаб-Комерц“. Во 1991 година, компанијата беше регистрирана во Централниот регистар на Република Македонија под името ДС Галаб. Основи на работењето на претпријатието се искреноста, етиката и моралот. Во рамките на нашето работење имаме финализирано околу 100 објекти од сите типови на градежништвото.
Услужуваме и јавни и приватни клиенти, а нудиме вештини и ресурси во областа на стратешкиот консалтинг, планирањето, инженерингот, управувањето со програми, управувањето со градежни работи и градежни конструкции. Ние обезбедуваме услуги за сите видови на клиенти.
Во согласност со европското право, ДС Галаб е лиценцирана градежна компанија за проектирање на објекти од трета, четврта и петта категорија (n.P.300/B). Исто така, ние сме лиценцирани и за градежни објекти од прва, втора и трета категорија (n. I.024/A) и надзор на изградба на објекти од втора, трета и четврта категорија (n. X.042/C) – лиценци издадени од Министерството за транспорт.
Исто така, ДС Галаб се стекна со сертификат од TUV Австрија за квалитетна градежна компанија со ISO 90001: 2008, со јасно дефинирана политика за квалитет.
Нашите објекти се препознатливи по:
Придвижена од врвниот квалитет на работењето, компанијата ДС Галаб е посветена на обезбедувањето на безбедноста на нашите вработени, а истовремено покажува и општествена одговорност кон заедницата во која живееме и работиме. Во секое време и во секоја средина, сите проекти ги реализираме за доброто на нашите клиенти, акционери, вработени и заедниците кои ги услужуваме.
Како градежна компанија, давател на високо квалитетни технички решенија и решенија за управување, ние сме цврсто посветени на одржувањето на безбедно и здраво опкружување во сите наши простории и на сите наши проекти.
Посветени сме на обезбедувањето на високо квалитетни услуги и производи. Целосно ги исполнуваме заеднички договорените барања и постојано се трудиме да ги подобриме нашите работни процеси.
Го одржуваме нашиот углед како компанија со интегритет на пазарот и обезбедуваме етичко работно опкружување за сите наши вработени. Секогаш кога ќе се соочиме со тешка одлука наоѓаме соодветно решение.
Активно се трудиме да имаме разновидност во составот на работната сила, пазарите што ги опслужуваме и услугите што ги обезбедуваме. Свесни сме дека техничките предизвици кои ги решаваме бараат нови перспективи и отворен начин на размислување.
Преку инвентивни процеси и единствени решенија, обезбедуваме неприкосновена вредност за нашите корисници. Ги поттикнуваме креативните работни средини во кои секогаш нѝ е предизвик да ги подобриме нашите процеси и процедури.
Во сè што правиме, ние сме свесни за влијанието што нашата работа го врши врз околината. Им помагаме на нашите клиенти да го прават истото преку обезбедување на чисти, ефикасни здрави и ефективни решенија на сите наши проекти.
За објекти од високоградба, ние сме во можност да понудиме проектирање на конструкции. Најчесто нашите проекти се за станбени или за деловни објекти. Во склоп на проектите, ние нудиме кофражни планови, арматурни и конструктивни детали. Статичките пресметки ги извршуваме со помош на компјутерскиот програм Tower.
Нашата главна дејност е изведба на објекти, поточно конструкција на објекти (тип карабина). Објекти кои сме во можност да ги изведуваме се сите типови на градби од високоградба. Со нашите инженери и вработените работници, ние сме во можност да одговориме на секаков предизвик од областа на градежништвото. Нашето портфолио вклучува и објекти од различни сфери во општеството како: индустрија, приватен сектор, јавна администрација, енергетски сектор и др.
Како една од најсериозните компании во градежништвото и со помош на нашето долгогодишно искуство, можеме да понудиме надзор над какви било градежни објекти. Исто така, можеме да гарантираме за квалитетот и сигурноста на какви било позиции при целосна изградба на објекти. Нашите можности се за објекти до втора категорија.
Нашето познавање на прописите и законите во областа на проектирањето ни овозможува да одговориме на потребата за ревизија на проекти за конструкции на објекти од високоградба.
Освен тоа што сме изведувачи на објекти, ние сме во можност да понудиме и продажба на станови во објектите каде што сме ние инвеститори. Локациите на нашите станови се во: Центар, Карпош и Ѓорче Петров. Големината на становите е најразлична и се движи од 40 м2 до 130 м2. Сите наши станови ги нудиме со имотен лист и во склоп на цената нудиме и дел од градежното земјиште.
Powered by themekiller.com anime4online.com animextoon.com apk4phone.com tengag.com moviekillers.com