Посета на градежните активности на Болницата Неуромедика
На 22.10.2015г. Директорот на Неуромедика Д-р Емил Угриновски заедно со менаџерскиот тим направија обиколка на градежните активности на Болницата Неуромедика.
8 месеци од поставувањето на камен-темелникот, можеме да кажеме дека изградбата тече во предвидениот рок и план, и се надеваме дека така ќе продолжи. Во тек е подигнување на 4 ниво или вториот спрат од градежниот план, а до крај на годината е предвидено комплетно да се заврши изградбата на карабината.
Инженерите на изведувачот детално ги презентираа досегашните градежни активности и објаснија како ќе продолжат со изградбата на болницата.
Оваа посета на менаџментот на Неуромедика е прво стапнување на тлото на Болницата, и по тој повод ги изненадија работниците со печено јагне за спроведениот труд.